Шилегов: Најмалку 80% од луѓето не треба да се во судницата за „Пулс“

Одбраната бара спојување на постапката за пожарот во „Пулс“ со новиот обвинителен акт против 13-те полицајци

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма Тв

Одбраната на денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“ повторно побара спојување на постапката со предметот против 13-те полицајци обвинети за истиот настан во Кочани. Денеска во изјава за медиумите говореше адвокатот на еден од обвинетите, Петре Шилегов.

-Бидејќи станува збор за ист кривично-правен настан на кој што се разгледуваат истите последици, не знаеме кои докази ќе бидат изведувани во таа постапка бидејќи не сме дел од таа постапка, сметаме дека е целисходно се да биде ставено на едно место. Имајќи ги во предвид ставот на ОЈО ГОКК дека ќе дојде до редукција или намалување на бројот на обвинетите, бидејќи и тогаш и сега, тврдиме дека за овие правни квалификации кои што постојат во овој предмет, најмалку 80% од луѓето не треба да се во судницата, кажа Шилегов.

Судијката Диана Груевска-Илиевска оцени дека имајќи ја предвид фазата на доказна постапка и фактот што ОЈО ГОКК има поднесено уште три постапки со вкупно 25 обвинети, од кои едната е во завршна фаза, спојувањето би било спротивно на начелото на економичност и обврската судот да постапува без непотребно одолговлекување, во интерес на обвинетите.

Судијката рече дека освен тимот од 15 обвинители што постапуваат по овој предмет би било потребно и присуство на дополнителни обвинители од ОЈО ГОКК.

Со сослушување на сведоци на обвинителството во судницата во Идризово, денеска продолжи судењето за случајот „Пулс“. Претходно одбраната побара спојување на постапките, на оваа што е во тек и на таа што треба да почне во скопскиот Кривичен суд против полицајци од Кочани.