Шилегов: Не може улица што сите ја знаат како Ленинова одеднаш да стане Аминта Трети

од Nikola Popovski
336 прегледи

„Сега се создава регистар и од него ќе се извлечат имињата на некои улици кои треба да се променат“, изјави синоќа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на прашањето за враќањето и менувањето на имињата на улиците.

„Градот Скопје досега има околу 590 имиња, ние го зголемивме за 570 плус. Значи околу 1150-1160 имиња од кои подоцна се црпат новите имиња. Градот е традиција, имињата на улиците се традиција. Зошто да се брише споменот на хуманоста на Мексико, кога мојата улица со години наназад се вика Мексичка. Не може улица што сите ја знаат како Ленинова наеднаш да стане Аминта Трети, не може улицата што сите ја знаат како Железничка да се вика Јордан Мијалков“, рече Шилегов во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Тој дообјасни дека ова е процес што траел една година каде граѓаните можеле да достават свои предлози за имиња на улиците.

„Комисијата утре заседава и дефинитивно ќе го оформи (ставот) заради некои реакции што ги имаше“, истакна Шилегов.

Слични содржини