Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува победа уште во првиот круг од локаланте избори кои ќе се одржат на 17 октомври.
– Искрено сметам дека секој градоначалник пред и по преземањето на одговорноста да управува со градот мора постојано да си го поставува прашањето „дали е ова градот во кој заедно со своето семејство сакам да го поминам остатокот од својот живот?“, рече Шилегов за порталот Скопјеинфо.
Шилегов рече дека во изминативе 4 години заедно со тимот посветено работел на реализацијата на визијата за Скопје.
– Секојдневните позитивни реакции на граѓаните за мене претставуваат валидна потврда дека сме на вистинскиот пат. Најголемата потврда очекувам да стигне на претстојните избори и тоа во првиот круг. Чесниот и одговорен пристап кон работата и предизвиците на средините во кои живееме секогаш носи успех, не знам зошто би било поразлично во мојот случај, рече Шилегов.