Шилегов: Од напуштено место, до зелена оаза, гласно дише зелениот покрив на ГТЦ (ФОТО)

од Берта Китинска
399 прегледи

Со своите 1800 квадратни метри исполнети со зеленило, како и водените зони во форма на фонтани и базени, покривот е совршено место за одмор или мала пауза од работните обврски.

-Сега, точно една година подоцна, после 100тина одржани настани и вкупна бројка од над 100000 посетители, можеме да се пофалиме дека во самото срце на градот гласно дише зелениот покрив на ГТЦ. Со своите 1800 квадратни метри исполнети со зеленило, како и водените зони во форма на фонтани и базени, покривот е совршено место за одмор или мала пауза од работните обврски. Дополнително, монтажната бина, амфитеатралните скали, партерното шаховско поле и модерната урбана опрема го направија зелениот покрив атрактивна дестинација за рекреација и културно-забавен живот на граѓаните на Скопје, пишува на својот Фејсбук профил градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Слични содржини