Шилегов: Парите се исти за сите градоначалници, проблемот е во менаџирањето и во начинот на кој го водите Градот

од Radmila Tasevska
210 прегледи

-Данела Арсовска беше кандидат избран и поддржан од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Активистите на таа политичка партија ја носеа во домот на скопјани да молат за гласовите. Дали они потоа имале личен конфликт или каков и да е било конфликт со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, мене како граѓанин тоа не ме интересира, но не можеме сега после ова да кажеме дека Арсовска ја нема поддршка од Советот на Град Скопје. Тие избрале заеднички да е оваа состојба која што сега ја имаме- изјави поранешниот градоначалник Петре Шилегов за “Само Интервју” на Канал 5.

Во однос на средствата со кои градот Скопје
Располага, Шилегов вели дека тие се исти за сите градоначалници.

– Парите се исти, проблемот е во менаџирањето и во начинот на кој ги раководите градот и институциите. Централната власт е должна да прави определени трансфери особено кон Јавното Сообраќајно Претпријатие, но во делот за средношколците и за студентите. Град Скопје кога  јас кога ја водев набавка на новите автобуси немаше нимаква поддршка од централната власт. За дневната функционалност на институциите кои што се под град Скопје немаше посебна поддршка освен таа што е со закон пропишано да ја има и која што ја има и сегашната градоначалничка и ќе ја има иден некој градоначалник  – вели Шилегов за Канал 5.

Слични содржини