Шилегов: Разрешен е директорот на ЈП „Улици и патишта“

од Nikola Popovski
254 прегледи

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов извести дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ е разрешен од досегашната фунција.

Според пишувањата на одреден дел од медиумите, Смаиловиќ во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга.

„На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во билтенот на МВР.

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3345208525703722