Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на прашање во Ноќно студио на Телма, како ќе постапи по вечерашната одлука на владата дека не е обврзувачка одлуката на Регулаторната комисија да биде покачена цената на водата, прокоментира дека тоа е циркус во режија на членови на комисијата кои се поставени од сегашната опозиција.

– Утре на дневен ред на седница на град Скопје е и одлуката на Регулаторната комисија, цената на водата да биде покачена. Ќе одлучам утре, можеби и ќе ја повлечам точката од дневен ред – рече Шилегов.