Шилегов: СДСМ е заробена партија уште од 2019 година

од Nikola Popovski
366 прегледи

Поранешниот пратеник и поранешен портпарол на СДСМ, Петре Шилегов тврди дека неговата партија е заробена уште од 2019 година.

-Ај да не се лажеме !!! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет !!! Пролет е СДСМ!, стои во изненадувачката објава на Шилегов на социјалните мрежи.

Тој претходно во друг статус истакна и дека „Есен е тешко време. Се скратува денот. Краток е. Во темница ништо не е видливо“.

-На пролет, во март, ќе расцветаат цветови. Јагленот нит е за за зајци, нит е за зечеви …Кај се најдовте, кај не запустивте…, објави Шилегов.

Лидер на СДСМ во 2019 година беше Зоран Заев.

Пред неколку месеци, екс-градоначалникот на Скопје имаше кавга со поранешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Тој си го додаде прекарот Вардарски, па Шилегов на социјалните мрежи му напиша:

„Дечкото од Серава, што мисли дека е „булдужер” од Вардар. Допрва следи „римув“.

Шилегов тогаш не објасни на што се должи ваквата негова реакција, но можеше да се заклучи дека станува збор за негово исклучување од некоја онлајн група по налог на Зечевиќ.

Слични содржини