255
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов преку својот Фејсбук се прости од бугарскиот новинар и интелектуалец Георги Коритаров, на кого му гостуваше во ТВ емисија „Свободна зона“ пред неколку месеци.
-Со неверување ја примив трагичната вест за смртта на бугарскиот новинар и интелектуалец Георги Коритаров, на кого имав чест да му гостувам во неговата ТВ емисија „Свободна зона“ пред само неколку месеци.
Бугарија изгуби голем критички новинар, а Македонија голем пријател кој се обидуваше да ги надмине разликите помеѓу двете земји. Наша должност е да продолжиме онаму каде што застана Георги Коритаров – да продолжиме да го негуваме пријателството и да ги надминеме меѓусебните недоразбирања, напиша Шилегов.