Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Градот Скопје, е нарушениот квалитет на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на домовите со употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки.
-Често бараме опипливи докази за борбата против загадувањето. Овие слики се докази. Секоја вратена печка, која е заменета со инвертер клима за која Град Скопје даваше субвенции, значи дека еден оџак помалку ќе го загадува Скопје, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопеј, Петре Шилегов.