Подавам рака на сите граѓани, политички партии, организации кои веруваат дека Скопје мора да продолжи да се развива и дека она кое го почнавме треба да го завршиме, кажа денеска кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Скопје Петре Шилегов.
-Скопје мора да остане град на граѓаните во кој граѓаните одлучуваат и Скопје не смее да се врати назад во времето на поделби, лажни митови и неплански развој. Јас како градоначалник ќе бидам само еден од вас во донесување на сите важни одлуки за заедничката иднина.Скопје тргна напред. Верувам дека граѓаните ја препознаат визијата и храброста. Скопје ќе расте во единствена коалиција, а јас како градоначалник ќе бидам еден од вас во носењето на одлуките. Сите кои го имате Скопје во срцето, излезете на избори за победа. Ако во првиот круг не гласавте, на 31 октомври масовно излезете да гласате, порача Шилегов.