403
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање за малата казна на возачот на „бентлито“ кое го возеше низ плоштадот Македонија рече дека во тек е постапката за поднесување кривична пријава.
-За мене е добро што брзо интервениравме. Со изречената голаба не значи дека тука застануваме.Тоа што се случи е скандалозно. Ќе биде поднесена кривична пријава бидејќи има елементи на загрозување на безбедноста на сообраќајот. Ќе го држиме обвинителството под око како ќе постапи по овој случај, изјави Шилегов.