Шилегов: Скопје е слободарски и прогресивен град и така мора да остане

од Nikola Popovski
420 прегледи

Скопје мора да остане град каде граѓаните одлучуваат и дека Скопје не смее да се врати назад во времето на поделби, лажни митови и неплански развој, истакна денеска на прес-конференција градоначалникот на град Скопје и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов.

Според него, Скопје е слободарски и прогресивен град и така мора да остане.

-Јас силно верувам дека граѓаните ја препознаваат позитивната промена која ја направивме во Скопје за само четири години. Дека го препознаваат и вреднуваат трудот кој го вложивме а верувајте не беше лесно. Скопје од град во целосна стагнација во развојот за кратко време конечно тргна напред. Јас верувам дека вие граѓаните ја препознавате храброста и визијата плански и стратешки да вложуваме наместо популистички празно да ветуваме, потенцира Шилегов.

Шилегов влегува во вториот круг од локалните избори против кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Слични содржини