Владата донела одлука со која се поништуваат сите 448 решенија кои ги донел министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во формулација која е надвор од законот се вели „се забранува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да носи било какви решенија од правна, финансиска и кадрова природа без притоа потписник да биде и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Чавков – изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во учеството во синоќешното издание на „Топ тема“ на телевизија „Телма“

Според Шилегов, ова е вторпат Владата да поништува решенија кои ги донел министерот Спасовски./Мета.мк