Шилегов: Во текот на утрешниот ден започнуваме со дезинфекција на јавниот простор во нашиот град

од Aleksandar Petrovski

Почитувани сограѓани, драги мои Скопјани, дозволете ми да Ве известам за следново:

По денешната седница на Кризниот штаб на Град Скопје и оддржаните координативни состаноци, Град Скопје Ве известува дека се обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција и во текот на утрешниот ден започнуваме со дезинфекција на јавниот простор во нашиот град (кеј, Градски Парк, Парк шума Гази Баба, Водно, автобуски станици…)

Ве молам за разбирање, доколку овој процес наиде на било какво пореметување на Вашето и онака несекојдневно секојдневие.

Ние како институција ќе се потрудиме да направиме и повеќе од тоа што е можно за да помогнеме во овие тешки моменти за човековата цивилизација воопшто, како и за нашата држава.

Вие како граѓани, треба само да ги следите и почитувате напатствијата и наредбите на надлежните институции. За почеток, напиша на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Слични содржини