Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов утрово се огласи на Фејсбук по повод смртта на неговиот колега од Загреб, тамошниот градоначалник, Милан Бандиќ.
„Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата за себе ја создаде за време на својот живот. Скопје загуби голем пријател. Јас загубив голем пријател. Почивај во мир Милане!!“, напиша Шилегов на Фејсбук.
Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ почина ненадејно рано утрово на 66-годишна возраст како последица на срцев удар, објави Информативната служба на Градот Загреб.
Хрватските медиуми пренесуваат дека на Бандиќ му се слошило доцна синоќа, брзата помош го однела во болницата „Свети Дух“, каде починал и покрај напорите на лекарите да го реанимираат.