„Ако Трајановски го водеше овој град во два мандати, не мислам дека не знае каква е постапка за менување на улици. Тогаш е срамота што лаже, бидејќи веројатно знае“, рече градоначалникот на општина Скопје, Петре Шилегов во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Канал 77, со што директно му одговори на неговиот претходник, кој преку јавување во емисијата го обвини дека промената на имињата на улиците во градот, не треба да се случи во овој период, бидејќи според него, „македонскиот идентитет е разнишан“.
„Се што му се случуваше во тие 8 години, се му беше сервирано, а тој само спроведуваше, затоа што беше безгласна буква. Политички авторитет во својата партија немал. Што и да му кажеше Груевски, тој тоа го правеше, па затоа и си играа лего-коцки во центарот на градот“, изјави Шилегов.