Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција изјави дека законското решение за Матка е единствениот начин за долготрајно да се заштити тој регион.
– Во министерството за животна средина се одвива процесот на квалификација и на Водно и на Матка како една заедничка природна целина и таму треба да биде до крај завршена категоризацијата. Моето инсистирање како градоначалник е дека треба да биде донесен нов закон особено за Матка, бидејќи ако не го решиме со закон, е многу комплексно за управување. Самиот кањон Матка, опфаќа територија на повеќе од пет општини. Законското решение би било единственото решение за да го заштитиме тој регион, истакна Шилегов
Тој исто така истакна дека веќе има доставено идеја до Министерството за животна средина за тоа да ингиренциите се префрлат на Град Скопје.
– Мојата идеја која ја имам доставено до Министерството за животна средина е даа се префрлат ингиренциите на Град Скопје, да се формира посебна ренџерска група за Матка и за Водно. Нормално, ние како град ќе соработуваме со општина Сарај и со локалното население, додаде Шилегов