Шило и Пакс сакаат да живеат со Бред Пит, а не со Анџелина Џоли

од desk2
117 прегледи

Анџелина Џоли (41) доби привремено старателство над нивните шест деца. Но, Пакс (12) и Шило (10) сакаат да живеат со нивниот татко Бред Пит (52) во Лос Анџелес и ја молат Анџелина да им го дозволи тоа.

9907ab957e8be15c989d04002bc16d2a

Актерката и нејзините деца, сега живеат во изнајмена вила во Малибу, иако поранешните сопружници во оваа област имаат два големи имоти.

“Таа откажа работа и се друго. Таа секој ден е дома, ги поддржува, им помага со домашните задачи, постојано е со нив” пренесува нејзин близок пријател.

angelina_bavshvebi

Нивниот син Медокс (15) не сака да живее со неговиот татко, по инцидентот во авионот кога Пит наводно бил насилен кон него. Американските медиуми објавија дека тогаш Медокс, му рекол на Бред дека тој повеќе не му е татко.

“Пакс и Шило отсекогаш биле многу блиски и тие двајца се согласуваат подобро со Бред” додава изворот, за списанието “ОК!”.

Бред, Анџелина и нивните деца посетуваат семеен терапевт, но Медокс се уште не бил присутен на некоја од сеансите на кои присуствувал и Пит.