Најголемата националистичката партија на Северна Ирска “Шин Фејн” побара референдум за независност од Британија. Според неа, анкетата треба да се одржи “што е можно поскоро”.

По резултатите од референдумот за Брекзит, партијата повикува повеќе пати за таков референдум и обединување со Ирска. Под одредени услови според договорот од 1998 година, Лондон може да дозволи референдум за обединување, но државениот  секретар Џејмс Брокншир во јули пресече и рече дека не верува дека тоа ќе се случи.

Додека анкетите минатата година покажуваа интерес за зачувување на Унијата со Англија, во последните месеци не се правени слични, но  тоа ги засилува шпекулациите дека сепаратистичките чувства можеби заработија и нови  приврзаници.

Мишел О’Нил, лидер на “Шин Фејн”, изјави во Белфаст дека Брегзит е катастрофа за Ирците и британската влада одбива да го слуша гласот на мнозинството и да ги исполнува своите обврски.

На референдумот во јуни, 56% од гласачите во Северна Ирска побараа останување во ЕУ, наспроти 52% кои се изјаснија за напуштање.

Ова се случува  во време кога  откако премиерот на Шкотска  Никола Стрджн најави дека ќе бара овластувања за организирање на нов референдум.

Стрджн истакна дека треба да  се има план за иднината на Шкотска по отворањето на преговорите за Брекзит.

Според неа не станува збор само какви односи ќе има државата со Европа, туку  во каква земја Шкотска треба да се претвори.

Времето и деталите за националното анкетата ќе бидат решени од шкотскиот парламент, но Стрджн откри дека новиот референдум треба да се одржи помеѓу есента 2018 година и пролетта 2019 година