207
Северна Македонија веќе презеде големи чекори кон пристапувањето во ЕУ, објави попладнево на платформата Икс потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за промоција на европскиот начин на живеење Маргаритис Схинас по средбата со вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач на земјава со Европската Унија, Бојан Маричиќ.
– Ги охрабруваме нашите пријатели во Скопје да го зграпчат моментумот и да продолжат со клучните реформи, со фокус на уставните измени и владеењето на правото, наведе Схинас во објавата.