Шипо се пишмани – не дава оставка

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Денеска на седница на Советот на општина Центар  немаше точка на дневен ред оставка и избор на нов претседател на советот. Шиповиќ останува.

Денеска требаше да се усвои оставката на претседателот на Советот Мирослав Шиповиќ и да се избере нов претседател. Но, Шиповиќ денеска ја повлече оставката. Претходно тој имал кратка средба со градоначалникот Андреј Жерновски, со кого во последно време беше во отворен судир.

Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, за НОВА го образложи повлекувањето на оставката од функцијата- тој вели дека се е во интерес на работата:

– Ја повлеков оставката на барање на советниците, како и во интерес на работата, со цел да се има и добра комуникација со градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Шиповиќ вчера ги објасни причините зошто се повлекува од оваа позиција.

„Оставката ја поднесувам поради неможноста да остварам соработка со градоначалникот. Досега некако комунициравме, последните два месеца не комуницираме воопшто. Мислам дека е најдобро да се повлечам од функцијата и да дојде некој нов претседател на Советот, кој што можеби ќе оствари добра комуникација и соработка со градоначалникот“, вели Шиповиќ.

Ама денеска се смирија.