Ширер и Анри се првите членови на „Куќата на славните“ во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Познатиот англиски голгетер Алан Ширер и легендарниот француски напаѓач Тиери Анри се првите членови на новоформираната „Куќа на славните“ на Премиер лигата, објавено е на веб-страницата на елитното фудбалско друштво на Англија.

Ширер, поранешниот напаѓач на Блекбурн со кого ја освои титулата и Њукасл, е најдобар стрелец во Премиер лигата со 260 гола, на 441 натпревар, во 14-те сезони што ги играше во престижното натпреварување.

Анри пристигна во Премиер лигата, односно во Арсенал, во 1999 година од Јувентус, а за осум сезони во лондонскиот клуб, освои две титули, одигра 258 натпревари и постигна 175 голови. Тој исто така играше за „топџиите“ во својот втор мандат во сезоната 2012/13, пред да замине за САД.

Французинот е најдобар стрелец во историјата на Арсенал.

Уште 23 фудбалери се натпреваруваат за влез во „Куќата на славните“ оваа година, а шестмина ќе бидат избрани вечерва на каналот „Скај Спорт“ со гласовите на навивачите.

Слични содржини