Широка насмевка на лицето: Меган Маркл за првпат во јавноста по крунисувањето (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Малиот Арчи на денот на крунисувањето на Чарлс го прослави четвртиот роденден, а само еден ден по крунисувањето во јавноста се појавија фотографии од неговата мајка Меган Маркл во опуштено издание.

Изминатиот викенд во Велика Британија го одбележа крунисувањето на кралот Чарлс Трети. За да присуствува на церемонијата, на само неколку часа од Америка долета и принцот Хари. Неговата сопруга Меган Маркл (42) остана во нивниот американски дом со нивните деца.

Војвотката од Сасекс со широка насмевка на лицето беше фатена од фотографите во близина на нејзиниот дом во Монтесито додека планинарела со пријателите. Со нив не бил принцот Хари.

Британските медиуми по крунисувањето пишуваа дека кралот Чарлс бил прилично тажен бидејќи Хари, Меган и нивните деца не биле на свечениот ручек по крунисувањето. За време на ручекот, кралот наводно наздравил со својот внук Арчи.

Слични содржини