Шкендија поведе, па на крајот загуби со 5:1 од Карабах

од desk2
1 прегледи

Фудбалерите на Шкендија претрпеа убедлив пораз со 5:1 на гостувањето кај Карабах и со вкупни 6:1 доживеаја елиминација од страна од првакот на Азербејџан. Ова беше реванш натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот првак поведе во 10.минута со голот на Фабрис Тамба, но домашните брзо дојдоа во водство. Прво Клисман Цаке постигна автогол во 16.минута за 1:1, а Кади две минути подцна погоди за водство од 2:1. Карабах ја зголеми предноста откако повторно за три минути постигна два гола. На 3:1 зголеми Нармин Акундзаде во 33.минута, а Марко Јанковиќ беше сигурен од пенал во 35.минута за 4:1. Конечните 5:1 ги постави Леандро Андраде во 59.минута.

По елиминацијата од Лигата на шампионите, Шкендија ќе игра во баражот за Лига Европа со поразениот од натпреварот Ференцварош – Лудогорец.

Слични содржини