Шкендија приреди големо изненадување во Романија и обезбеди европска есен

од Nikola Popovski
36 прегледи

Фудбалерите на Шкендија го приредија најголемото изненадување во квалификациите за Лигата на шампионите досега, елиминирајќи го фаворизираниот романски ФЦСБ во второто прелиминарно коло од натпреварувањето.

Откако го добија првиот натпревар дома со минимален резултат од 1:0, тимот од Тетово извојува уште една победа во Букурешт, овој пат со резултат од 2:1. Домашниот тим поведе со голот на Чисоти во 28-та минута, но Латифи брзо израмни само пет минути подоцна. Крстевски донесе нова победа на Шкендија во 87-та минута од натпреварот.

Во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите, Шкендија ќе игра против азербејџанскиот шампион Карабах. Со тоа што помина во следното коло, клубот испиша историја и за прв пат обезбеди пласман во групната фаза на едно натпреварување под капата на УЕФА. Тетовчани ќе играат сигурно барем во Конференциската лига, доколку не направат ново чудо и не се пласираат во групната фаза од ЛШ или Лига Европа.

Шкендија е само вториот македонски клуб што влегол во групната фаза од некое европско натпреварување откако тоа го стори Вардар пред 8 години.

Се шпекулира дека само со пласманот во Конференциската лига, Шкендија ќе добие околу 10 милиони евра, а оваа сума може да се зголемува во однос на резултатите.