Пакетот на годишни извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ, оваа година ќе биде преставен во нова форма и ќе пружи јасна слика за напредокот во процесот на европските интеграции, а една од новостите ќе биде воведување на оценки за напредокот на скала од еден до пет.

Претставувањето на пакетот за напредокот на Македонија,Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија,Турција и Косово, кое до сега повеќе пати беше одложувано, би требало конечно да биде одржано следната недела во Брисел.
Како и претходните години, целта на извештајот е да се даде детална слика за напредокот на секоја од земјите во претходната година, со посебен акцент на областите владеење на правото, борба со корупцијата и заштитата на човековите права.
Овој пат, меѓутоа, извептајот ќе има сосема поинаква форма за да се избегне сувопарното бирокрастко фразирање, јавува Танјуг.
Освен тоа, предложено е за земјите да се дадат оценки од еден до пет, со тоа што најголемата оценка ќе значидека земјата кандидат потполно ги достигнала европските стандарди во дадената област, додека најниската значи стагнација или назадување./ Танјуг