Шкотска денеска официјално ЗА референдум за независност

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Шкотите добија многу ветувања од Лондон, ако гласаат против во 2014. Сега условите изгледаат поинакви.

Никола Старџан, прв министер на Шкотска и лидерката на Шкотската национална партија (Шон), официјално ќе побара денеска на 31 март од Лондон право да организира референдум за независност на регионот. Ова го соопшти во четвртокот “Скај њуз”, повикувајќи се на свои извори, цитирана од агенциите. Според информација на телевизискиот канал, Старџан “ќе побара од премиерот (на Велика Британија Тереза ​​Меј) да започне преносот на права (на Единбург) за спроведување на референдумот”. Писмото ќе биде испратена на Даунинг стрит 10 по електронска пошта. Самата Старџан ја шири на страната на шкотската влада на “Твитер” (Twitter) слика, на која седи во едена  неврзана поза на каучот во својата официјална резиденција во Единбург и пишуваво  писмо на Меј.

На 28 март пратениците од парламентот на Шкотска ја поддржаа иницијативата на ШНП за спроведување по година и половина на вториот референдум за независност на регионот. Следната фаза, како што е по процедура, е испраќање на официјално барање до Лондон со барање за пренос на привремени овластувања за организирање на анкетата во согласност со законодавството. Британската влада е решително против идејата за референдум.

Лондон нагласува дека во 2014 година ШНП веќе иницирале и во Шкотска  и беше одржан референдум за оваа тема. Тогаш 55% од жителите на Шкотско британските поданици се изјаснија за останување во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како што е целосното официјално име на земјата. Притоа Меј го гледа како крајно несоодветен моментот избран за спроведување на референдум.

Токму во тоа време Велика Британија ќе е во завршната фаза од преговорите за излез од ЕУ.

Според дел 30 од Актот за Шкотска од 1998 година владата на Велика Британија има право да им обезбеди на регионите право да одржат референдум за независност. За таа цел треба да има согласност од три законодавни институции: шкотскиот парламент, долниот и горниот дом на парламентот на Обединетото Кралство.

Теоретски  британската влада, формирана од членови на Конзервативната партија, може да одбие тоа право на Шкотска – како посредно, и да  не дозволи разгледувањето на прашањето во парламентот, така и во самиот парламент, земајќи предност на мнозинството во Долниот дом. Практично конзервативците можноо е и да бе постапат на овој начин, бидејќи разбираат дека сличен одбивање крие во себе големи политички ризици.

Шкот со традиционалната облека “килт” демонстрира за тоа  што  гласал во 2014 година

Тоа би ИМ  дало повеќе адути на шкотските националисти, кои ќе почнат да ГО обвинуваат Лондон во намалување на правата на автономијата.