Шкотската премиерка Никола Стурџон вели дека поради новонаметнатите затворања во рамките на борбата против Ковид 19, американскиот претседател Доналд Трамп нема да добие дозвола да игра голф во наредните недели.
Стурџон им изјави на новинарите во вторникот за време на редовниот брифинг за Ковид-19, коментирајќи ги наводите дека Трамп планира да патува во неговото голф одморалиште во Трнбери во Шкотска на 20 јануари, кога ќе се одржува инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.
– Во моментов, не дозволуваме на лица да влезат во Шкотска без суштинска потреба, и тоа би се однесувало на него исто како што се однесува на кој било друг. А доаѓањето на голф не е она што би го сметала за суштинска потреба – рече Стурџон.
Таа најави целосно затворање низ Шкотска во понеделникот, по новиот бран на Ковид 19, наведувајќи дека тоа вклучува забрана за патување, потсетува „Гласот на Америка“.