Шкотската премиерка: Џонсон не може да остане премиер

од Stefanija Kuzmanovska

Шкотската премиерка Никола Старџен денеска изјави дека на британскиот премиер Борис Џонсон не треба да му се дозволи да остане на функцијата и додаде дека општите избори ќе бидат во интерес на земјата.

„Тешко ми е да поверувам дека некој би предложил тој да остане како премиер уште три до четири месеци“, рече Старџен во телевизиска изјава, пренесе „Ројтерс“.

На прашањето за општите избори, таа оцени дека нивното одржување во овој момент ќе биде „во интерес на Велика Британија во целина“, но додаде дека е малку веројатно изборите да се одржат.

Слични содржини