Шкријељ: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието се нотирани во Извештајот на ЕК

од Nikola Popovski
267 прегледи

Пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ денеска од парламентарната говорница посочи дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата, за кои и самите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е објективен, се нотирани и блокадите што оваа партија ги прави во Собранието.

„Бидејќи рековте дека Извештајот на Европската комисија е објективен, да видиме што пишува во тој Извештај. Пишува дека работата на Собранието беше нарушена поради политичка поларизација, што го одложи донесувањето на многу закони и тоа е јасно констатирано во Извештајот. Дали знаете дека во Извештајот директно се споменува дека ВМРО-ДПМНЕ започна активна блокада на Собранието? Значи вашиот начин на блокирање на работата на Собранието е нотиран во Извештајот на ЕК“, реплицираше Шкријељ додавајќи дека и СДСМ се спомнува во извештајот како партија која ги подобрила своите внатрешни демократски процеси, преку одржување на вторите директни избори за претседател на партија.

Таа истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од говорницата во Собранието ја оцрнуваат сопствената земја, наспроти она што ЕК го констатира како прогрес, повикувајќи ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да докажат дека навистина се за ЕУ, така што ќе гласаат за уставните измени.

Слични содржини