Со воспоставениот модел за раст на минималната плата во март следната таа ќе порасне за 10 % и ќе достигне речиси 20.000 денари, информираше денеска на прес-конференција Санела Шкријељ од редовите на СДСМ.
Пратеничката вели дека Буџетот за 2023 година е прв буџет кој е усогласен со новиот Закон за буџети, што го донесовме овде во Собранието и истиот е во насока на о насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза.
-Во март оваа година минималната плата изнесуваше 15.200 денари, што значи дека само за една календарска година таа ќе се зголеми за над 30 отсто. Предвидени се и 12,5 милијарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани. Со Буџетот за 2023 сериозен фокус се става на и на капиталните инвестиции. Капиталните расходи се на ниво од 48,9 милијарди денари или близу 800 милиони евра, наменети за капитални проекти, односно за околу 52,3% повисоки во однос на проекцијата за 2022 година, истакна меѓу другото Шкријељ.