Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница одлучи Санела Шкриељ и Марија Кочовска да бидат нови пратенички на СДСМ во Собранието.
Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега е министерка за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска Стојчевска, која е министерка за култура.
Шкриељ беше дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика во преодната влада пред парламентарните избори во 2020 година. Таа влегува во парламентот како следна, односно 14-та на листата на СДСМ во втората изборна единица, која на тогашните избори ја предводеше Оливер Спасовски.Воедна таа беше шефица на кабинетот на министерката за образование Мила Царовска, а претходно беше и шефица на нејзиниот кабинет во МТСП – позиција од која и стана преодна заменик-министерка во овој ресор, кога за техничка министерка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше номинирана Рашела Мизрахи, која потоа беше разрешена од функцијата.
Од петтата изборна единица следна жена на листата е Марија Кочовска од Демир Хисар, која би влегува во парламентот на местото на Костадиновска-Стојчевска