Шкријељ: 10 отсто покачени пензии само оваа година, следниот март уште шест

од Nikola Popovski
188 прегледи

Владата и парламентарното мнозинство на СДСМ се грижи за пензионерите, и во време на најголемата светска криза продолжува покажувањето на пензиите. Само оваа година пензиите за сите 330.000 пензионери СДСМ ги покачи за вкупно 10 отсто, порача пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ на прес-конференција.

Таа наведе дека според новата методологија пензиите годинава се покачени за 2,9 отсто во месец март, а сега, во септември следуваше уште поголемо покачување од 6,8 проценти.

-Само со последното покачување од 6,8 отсто, обезбедивме дополнителни 1.200 денари месечно за пензионерите кои примаат просечна пензија. Наша должност е да обезбедиме пристојна старост и поддршка на сите пензионери, особено во време на криза, рече Шкријељ.

Таа додаде и дека во март идната година следува ново усогласување на пензиите.

-Според проценките тоа ќе изнесува околу 6 проценти, што значи дека пензиите за само 12 месеци ќе пораснат за 16 отсто, информира пратеничката.

Слични содржини