Собранието денеска го изгласа Законот за минимална плата, со кој обезбедуваме 80.000 работници веќе од први април да добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари, информираше Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.
-Ова законско решение е резултат на конструктивен и транспарентен социјален дијалог меѓу Владата, синдикатот и работодавачите.Успеавме и во време на економска и енергетска криза да ја зголемиме минималната плата и да обезбедиме повисок животен стандард за нашите граѓани.Грижата за работниците е наш врвен приоритет бидејќи тие се наша најголема вредност.Затоа за само четири и пол години успеавме двојно да ја зголемиме минималната плата, којашто во 2017 година изнесуваше само 8.800 денари.Растот на минималната плата ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори, вели Шкријељ.