Шкриjељ: Граѓаните поблиску до системот на социјална заштита

од Aleksandar Petrovski
217 прегледи
Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ денеска ги посети новоотворените канцеларии за социјални работи во општините Брвеница и Желино каде со градоначалниците Енвер Пајазити и Блерим Сејдиу и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Тетово,  Дарко Обадиќ го поздравија приближувањето на услугите од социјалната заштита до жителите од руралните средини.
Како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика, овие две канцеларии се дел од мрежата на канцеларии што Министерството ги отвори во соработка со општините за да го олесни пристапот до социјалните права на сите граѓани.
-Изминатите две и пол години работевме на прилагодување на системот на социјална заштита на потребите на граѓаните. Овие канцеларии се резултат на грижата за секој граѓанин на едноставен и достапен начин да побара социјална помош или било кое друго право од системот на социјална заштита. Жителите на Брвеница и Желино веќе не мора да одат до Тетово, туку можат да се информираат и да аплицираат во општинската канцеларија. Социјалната реформа значи промена на пристапот до граѓаните, грижа за секој граѓанин подеднакво, истакна заменик министерката Шкриjељ.
Со отворањето на 50 регионални канцеларии на меѓуопштинските центри за социјална работа, со посебен акцент во руралните општини, од МТСП информираат дека се овозможува подобра координација на активностите, растоварување на меѓуопштинските центри и поквалитетни услуги на центрите за социјална заштита.

Слични содржини