Шкријељ и Филипче: Решени 8.500 предмети за помош и нега од друго лице

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Новите комисии за помош и нега од друго лице кои се формирани во рамки на јавните установи за здравствена заштита, функционираат непречено и досега се решени 8.500 предмети, информира владината прес-служба.

-Министерството за труд и социјална политика со новиот Закон за социјална заштита ја укина Комисијата која одлучуваше во прв степен за правото за помош и нега од друго лице. Таа беше нефункционална и времето на решавање на предметите беше 3 до 4 месеци. За да се скрати времето на решавање и да се подобри квалитетот и стручноста во решавањето на предметите, со новиот Закон за социјална заштита потребата за помош и нега од друго лице ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи, се вели во заедничното соопштение од министерот за здравство Венко Филипче и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Формирани се 15 комисии, од кои пет во Скопје, во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве области: интерна медицина, неврологија, психијатрија, физикална медицина и рехабилитација, ортопедија или офталмологија, како и дека комисиите ги решија предметите во рокот што им беше даден за постапување 1 февруари.

Приоритет на Владата, се вели во соопштението, е интересот на граѓаните и во иднина ќе овозможиме непречено остварување на правата од социјална заштита и обезбедување квалитетни социјални услуги.

Слични содржини