Шкријељ: Сите пратеници да гласаат за измените на Законот со кој минималната плата се зголемува на 18.000 денари

од Берта Китинска
187 прегледи

Денеска на Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, со кои создаваме услови минималната плата да изнесува најмалку 18.000 денари.Веќе од први април околу 80.000 работници ќе добиваат плата повисока за скоро три илјади денари, вели Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

Таа посочува дека минималната плата од 8.800 денари е зголемена на 18.000 денари, односно за повеќе од 100 отсто.

-Ова го постигнавме, како и досега низ еден транспарентен и конструктивен дијалог помеѓу социјалните партнери – Владата, претставници на работниците и претставниците на работодавачите.Овој Закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи, со воведувањето на новиот критериум за пресметување на минималната плата, таа не може да биде пониска од 57 проценти од висната на просечната плата.Дополнително, оваа мерка е исклучително важна за унапредувањето на родовата еднаквост , бидејќи факт е дека жените доминираат во трудоинвазивните дејности. Економското јакнење на жените е клучно за родовата еднаквост, вели Шкријељ.

Пратеничката ги повика сите пратеници, да ги поддржат овие измени на Законот и тие да бидат донесени што е можно побрзо.

Слични содржини