Дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска ја посети новоотворената Канцеларија за социјални работи во Општина Јегуновце. Канцеларијата е дел од мрежата на канцеларии што МТСП ги отвори во соработка со општините за да ги доближи социјалните услуги до граѓаните.
„Навистина ми е драго што Општина Јегуновце и уште педесетина други рурални општини добиваат вакви канцеларии. На овој начин како Влада обезбедуваме еднаков пристап на сите граѓани до социјалните права и услуги. Во пракса овие граѓаните во канцелариите за социјални работи ќе значи дека жителите од Општина Јегуновце нема да треба да патуваат до Центарот за социјални работи во Тетово за да поднесат барање за користење на социјалната помош и да остварат друго право од системот за социјална заштита, туку аплицирањето ќе може да го направат во општинската канцеларија”, изјави Шкријељ при посетата на канцеларијата.
Градоначалникот на Општина Јегуновце Дарко Блажевски го поздрави отворањето на канцеларијата за социјални работи и истакна дека со работењето на овие административни простории жителите ќе бидат подобро информирани и ќе имаат можност да ги остварат своите социјални права.
Отворањето на општинските канцеларии е дел од имплементацијата на социјалната реформа со која целосно го менуваме системот за социјална заштита и секој се грижиме подеднакво.