Шкријељ за продолжување на санкциите против Куба: Преседан и срамен чин на МНР кој му штети на нашето реноме и моментална позиција во меѓународните односи

„На македонската јавност сè уште не ѝ е познато кој ја претставува Република Македонија во Обединетите нации, после заминувањето на Љубомир Фрчкоски од оваа позиција пред една година и шест месеци“, посочува Шкријељ

од Nikola Popovski
35 прегледи

По нашата одлука за продолжување на санкциите против Куба преку гласањето на Генералното собрание во Обединетите нации, координаторот на секторот Надворешна политика во Левица, Емир Шкријељ вели дека е еден преседан и срамен чин на Министерството за надворешни работи кој, како што истакнува, му штети на нашето реноме и моментална позиција во меѓународните односи.

-Да напоменам дека на македонската јавност сè уште не ѝ е познато кој ја претставува Република Македонија во Обединетите нации, после заминувањето на Љубомир Фрчкоски од оваа позиција пред една година и шест месеци. Ние неколку пати, директно или посредно, се обидовме да дојдеме до оваа информација па ќе ја искористиме приликава да го повикаме МНР конечно да обелодени кој е нашиот амбасадор во ОН и да објасни зошто оваа информација се сокрива толку долго време, бара соговорникот во изјавата за „Локално“.

Шкријељ за гласањето во ОН: Кубанскиот народ не е наш непријател како што ниту признавањето на Палестина не е емотивен чин како што тврди Муцунски