Шкриниар во Истанбул, ќе потпише со Фенербахче

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Словачкиот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Милан Шкриниар денеска ќе пристигне во Истанбул за да потпише со Фенербахче, објави турскиот печат.

29-годишниот Шкриниар не е во составот на парижаните за вечерашната пресметка во Лигата на шампионите со Манчестер Сити, а од почетокот на оваа сезона одигра само пет официјални натпревари за својот клупски тим.

Шкриниар е непожелен од тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, поради што реши да го напушти клубот иако има договор до летото 2028 година.

Според турскиот печат, Фенербахче ќе го направи Словакот перманентен трансфер и нема да го земе на позајмица.

За дефанзивецот беа заинтересирани и Тотенхем, Наполи и Галатасарај, но нивните понуди беа за позајмица.

Слични содржини