Тимот на Шкупи ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига откако денеска со 2:0 ја совлада Ренова.
Домаќинот долго се мачеше да го скрши отпорот на Ренова, но откако го направи тоа, постигна уште еден гол и со победа од 2:0 почна да слави голем успех.
Фудбалерите титулата ја прославија со навивачите кои после последниот судиски свиреж влетаа на теренот.
Шкупи во моментов има 13 бода предност на четири кола до крајот, што ги прави недостижни на првото место на табелата. Со ова тимот од Чаир ја прекина доминацијата на Шкендија и на Вардар во последните неколку години.