Шмајхел објасни зошто Тухел го одбил Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел, стана следното големо име од клубот што даде свое мислење за можната замена за Ерик тен Хаг, кој вчера доби отказ.

Во последните часови како апсолутен фаворит беше најавуван Рубен Аморим од Спортинг (Лисабон), а некои медиуми отидоа и подалеку и тврдеа дека може да ги преземе „црвените ѓаволи“ во наредните денови. Шмајхел го посочи Португалецот како погоден за позицијата и ја посочи причината зошто Томас Тухел летото ја одбил понудата на клубот од „Олд Трафорд“.

Германецот е нов селектор на англиската репрезентација, но ќе ги преземе „трите лава“ од први јануари следната година.

„Манчестер Јунајтед веќе има структура која секогаш ќе биде над тренерот или менаџерот. Томас Тухел го погледна сето ова, овие промени кои беа направени и помисли – „на овие луѓе ќе треба да им се објаснува пред и после секој натпревар. Ако ја преземам оваа работа, исто така треба да преземам одговорност за секој аспект од фудбалскиот клуб“. Оваа структура повеќе одговара на некој како Рубен Аморим или Томас Франк, кои се навикнати да работат во такви услови. Можеби е време да се проба тренер наместо менаџер. Роберто де Зерби би ја завршил работата затоа што тој е тоа – тренер. На кандидатската листа има неколку соодветни. Оваа структура, која е поставена во моментов, мора да работи 100% за да се завршат работите“, ја анализира ситуацијата Шмајхел.

Слични содржини