264
Русија е свесна за обидите на Украина да создаде валкана нуклеарна бомба и нејзината подготвеност да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Тој рече дека „САД и европските земји демонстративно ги игнорираат нуклеарните уцени на украинските власти, на пример, провокациите насочени против нуклеарната централа Запорожје“, која е под руска контрола, пренесува ТАСС.
Рускиот министер за одбрана најави дека Западот е заинтересиран да ја уништи економијата и воениот потенцијал на Русија.