Шо повреден играл на ЕУРО

од Stefanija Kuzmanovska
414 прегледи

Лук Шо, левиот бек на Манчестер Јунајтед, со скршени ребра ги одигра последните три натпревари на Евро 2020.

Ова го покажаа последователните прегледи, а според тврдењата на островските медиуми, Шо се повредил на мечот од осминафиналето со Германија, каде беше во улога на асистент во победата од 2: 0.

И покрај трите скршени ребра, Шо продолжи да игра и постигна гол во финалето со Италија, но тоа не беше доволно за Англија.

Фудбалерот во моментов е на одмор во Грција заедно со неговите колеги од репрезентацијата Мејсон Маунт и Деклан Рајс.

Манчестер Јунајтед чека да се врати за да ја процени состојбата на повредата.

Сепак, Шо се надева дека ќе биде подготвен до почетокот на сезоната на 14 август, кога Јунајтед на домашен терен ќе игра против Лидс.

Клубот од Олд Трафорд на почетокот на сезоната ќе остане без Маркус Рашфорд, кој ќе прави операција на рамото.

Слични содржини