Министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле изјави на маргините на состанокот на ММФ и Светската банка во Вашингтон дека би се радувал ако наводниот енергетски договор со Москва и донесе на Грција нови приходи, но таков договор според него нема да ги реши финансиските проблеми на Атина, пренесува Deutsche Welle.
Според зборовите на Шојбле, овие средства ќе бидат доволни за да се пополни дупката во грчките финансии. Земјите од еврозоната нема да настрадаат од проблемите поврзани со финансиската ситуација во Грција, поради создадените механизми за заштита. Тоа, го рече министерот за финансии на Франција, Мишел Сапен за време на пролетната средба на ММФ и Светската банка во Вашингтон, пренесе Reuters.
“Ако се случи нешто, што може да предизвика штета, за Грција тоа ќе е сериозно за грчкиот народ, но не и за останатите земји во еврозоната.Ние не сме во ситуацијата која беше пред четири-пет години “, рече тој. “Ние научивме да градиме ѕидови за да се заштитиме, да ги заштитиме банкарскиот систем и другите држави кои може да станат нестабилни, ако нешто се случи во Грција. Затоа Европа сега е многу посилна. Европа се заштити од турбуленции. За Грција опасност има “, додава министерот. Според неговите зборови, “Грција мора да ги почитува правилата кои важат за сите земји во еврозоната”.
