Шојгу: Ослободен поголемиот дел од Доњецката и Луганската народна република

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска соопшти дека поголемиот дел од самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, како што наведе, биле ослободени за време на руската специјална воена операција во Украина.

Тој нагласи дека тоа ги опфаќа градовите Свјатогорск и Красни Лиман, како и 15 други населени места, пренесува ТАСС.

„Ослободен е значаен дел од Доњецката и Луганската народна република, долж левиот брег на регионот Северен Доњецк, вклучувајќи ги градовите Красни Лиман и Свјатогорск, како и 15 други населени места“, рече Шојгу.

Слични содржини