Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се огласи за првпат по вооружениот бунт на групата „Вагнер“. Шојгу тврди дека бунтот не влијаел врз армијата поради нивната лојалност кон државата.
Имаше широко распространети шпекулации за релативната тишина на министерот за одбрана, кој во текот на целата војна редовно се судираше со водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
„Провокацијата не влијаеше на акциите на воените групи (вклучени во операцијата)“, рече Шојгу на состанокот на министерството.