Руските војници методично ги извршуваат зададените задачи во специјалната операција во Украина, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на безбедносниот форум Ксианшан, кој се одржува во Пекинг.
Тој нагласи дека руските вооружени сили ќе продолжат методично и самоуверено да ги извршуваат своите задачи и да ја гарантираат безбедноста на цивилите, пренесува РИА Новости.
Шојгу тврди дека од 4 јуни, кога започна контраофанзивата на Украина, повеќе од 90.000 украински војници се убиени или ранети.