270
Режимот во Киев трпи пораз и покрај испораката на нови видови оружје на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Силите на украинската армија се исцрпуваат, народот се повеќе се деморализира. Вооружените сили на Украина неуспешно се обидуваат да извршат напади врз нашите единици во правец на Запорожје, Доњецк и Херсон. Тие очајни акции на противникот водат до големи загуби меѓу украинските војници“, рече Шојгу на состанокот во министерството за одбрана.
Тој посочи дека руските единици напредуваат во зоната на специјалните воени операции, заземајќи поповолни позиции и места.
Тој ги издвои 25-та, 138-та и 114-та моторизирана бригада, кои се истакнаа во битките, пренесува „Спутник“.